Сметководство 2.0: Вештачка интелигенција, Excel и ERP во служба на ефикасноста
Thu 20 Nov
|Вебинар
Вештачката интелигенција веќе го менува сметководството. Логин Системи ќе презентира практични решенија за автоматизација, ERP и Excel на обуките за сметководители во ноември. Дознајте како да работите попаметно и побрзо!


Време и локација
20 Nov 2025, 14:30 – 16:00
Вебинар
За настанот
Опис
Сесијата е наменета за сметководители кои сакаат да работат попаметно, побрзо и со поголема вредност. Ќе бидат презентирани практични примери за тоа како Microsoft Dynamics 365 Business Central, Excel и Copilot AI (Artificial Intelligence) овозможуваат автоматизација, анализа и подобра организација на сметководствените процеси. Предавањето е визуелно, применливо и насочено кон реални предизвици и решенија и се изведува во рамките на Програмата за еднодневно континуирано професионално усовршување на сметководители, организирана од Економско правен консалтинг ФВ.
За предавачот
Венко Глигоров е основач и ко-сопственик на Логин Системи. Има долгогодишно искуство во развој и консалтинг на ERP решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central, со фокус на миграција од Dynamics NAV и други ERP системи, вклучувајќи и Пантеон. Сертифициран е за Balanced Scorecard стратегиски рамки од Kaplan-Norton, со примена во мерење на перформанси и управување со стратегија во компании. Неговиот интерес и експертиза во вештачка интелигенција започнува уште во студентските денови преку…