Скопје, 18.07.2018. Од денес, најновата верзија на светски познатиот софтвер за сметквоодство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2018, работи на македонски јазик. Преводот и адаптација за Македонија го направи тимот на Логин Системи.
„Многу сме радосни што го преведовме Dynamics NAV 2018 на македонски јазик и со тоа го приближуваме на поголем број на корисници.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на преводот. „Последната верзија на Dynamics NAV ја надополнуваме и со нови функционалности кои ги задоволуваат барањата на македонските закони и потребите на компаниите во Македонија“.
Лани во овој период Логин Системи го преведе Microsoft Dynamics NAV 2017 и со тоа најави дека сите наредни верзии на Dynamics NAV (кој наскоро се ребрендира во Microsoft Dynamics 365 Business Central) ќе бидат преведени и прилагодени за македонските корисници.
Со преку 150.000 фирми и организации ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. (За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV?)
Повеќе корисници може да користат Dynamics NAV во различни јазици. Изборот на јазик се прави како на сликата подолу:
За да се користат јазиците, имплементарот на решението, во случајот Логин Системи е потребно да ја инсталира соодветната јазична верзија. Dynamics NAV стандардно доаѓа на англиски јазик.
Dynamics NAV го преведовме за апликацијата во Windows и за користење преку веб прелистувачи, како на пример, Google Chrome за MacBookPro или Windows.
Слика: Изглед на екрани за ролјата Продажно лице (лево е за Windows, а десно е за веб)
Софтверот Dynamics NAV се прилагодува на различните типови на вработени кои го користат преку т.н. ролји. Со изборот на ролја, корисникот на NAV добива видоизменети екрани и му се појавуваат опции и извештаи кои одговараат на соодветната ролја. На тој начин се постигнува пофокусирана работа, а со тоа и побрзо изведување на работните задачи.
Во галеријата од слики подолу се прикажани екрани за диспечер во сервис и за сметководител. Прво е прикажан изгледот во Windows апликација, а потоа и во веб прелистувач.
Галерија слики: Од горе надолу: Windows екран за диспечер за сервис, веб прелистувач за диспечер за сервис, Windows екран за сметководител, веб прелистувач за сметководител.
Корисни линкови:
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.
Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
#Сметководство #MSDynNAV #MSDyn365BC #DynamicsNAV #ЛогинСистеми