Дополнување со работен стаж: бесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та

post.update-date

Калкулаторот за плата во 2019та вклучува и пресметка на плата со работен стаж (минат труд). Тој е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. Работи и на англиски јазик.

Скопје, 15.01.2019. Логин Системи го дополни веб калкулаторот за плата со внесување на години за работен стаж (минат труд). Новата веб верзија на калкулаторот за плати се внесени новините од прогресивниот данок како и променетите коефициенти за придонеси од платата. Оваа апликација е бесплатна и е наменета за членовите на веб заедницата на Логин Системи. Членството во веб заедницата е отворено и за нови членови www.loginsystems.biz/members.

"Веб калкулаторот го подобруваме според барањата од корисниците и затоа го дополнивме со можност за внесување на работен стаж односно минат труд." напиша Венко Глигоров, основач на Логин Системи. "Исто така веб калкулаторот го направивме и да работи на англиски јазик за менаџерите и вработените од странство што работат во Македонија".

Корисни линкови

Калкулаторот е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата.

Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati.

Важна напомена Во калкулаторот моментално се користат износи за највисока и најниска основица за пресметка на придонеси за 2018 година. Овие износи, 545.264 денари за највисока основица и 17.040 денари за најниската основица за придонеси, може да претрпат измени кон крајот на јануари оваа година кога се објавуваат износите што ќе важат за 2019та година.

Премиум апликација за плати за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

За потребите на фирмите и организациите што имаат повеќе вработени и имаат потреба од пресметка на плати со боледувања, работни часови, договори за работа и изработка на МПИН, го предлагаме модулот за плати за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Повеќе информации има тука.


Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.

Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија).

#плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

    0