Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Скопје, 01.02.2024. Логин Системи, фирмата со најсеопфатниот веб калкулатор за плата во Македонија, објавува дека ги ажурираше податоците за плата што ќе се користат во 2024та година и истите се имплементирани во бесплатниот веб калкулатор за плата.

Веб калкулаторот за плата на Логин Системи е едноставен за користење и дава прегледен испис и печатење на пресметката на плата. На располагање на корисникот му е да го внесе месецот и годината во која се пресметува платата, а може да стави и години на минат труд како и работен ангажман во текот на месецот.

Веб калкулатор 2024 со вклучен месечен ангажман и години на минат труд (стаж)


 

Активирање на веб калкулаторот за плата се прави со користење на линкот Пресметка на плата.

Дополнителни информации

Погледни дополнителни информации или алатки на Логин Системи:

#ЛСВебПлата #плата


За Логин Системи

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

    1