Три нови бизнис совети за личен развој, мотивиран тим и професионалност

Скопје, 25.08.2018. Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува три нови бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија.

Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување.


Д-р Лазар Ѓуров

Институт Симбиотика

основач и претседател

Лазар пишува за комуникациски вештини и трансформација на конфликти, емоционална интелигенција и менаџмент на време.

... Бидете УСПЕШНИ но не заборавајте дека треба и да сте СРЕЌНИ!

Прочитај ја целата бизнис приказна на Лазар Ѓуров и неговите совети тука.


Лукреција Маљковиќ Атанасовска

Академија за протокол на Македонија

Мислев дека во животот ќе се занимавам само со превод и толкување, бидејќи завршив англиски и италијански јазик, ама судбината ме однесе и во други води.

Сакај ја професијата и не престанувај да учиш ... посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера ... Светот постојано оди напред ...

Прочитај ја целата бизнис приказна на Лукреција Маљковиќ Атанасовска и нејзините совети тука.


Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин

Асеана Ројал Спа

Сакавме да започнеме нешто различно и авентично, нешто што го нема на нашите простори. Инспирацијата ни дојде од Индонезиската култура и традиција, и од нејзиниот однос кон убавината на телото и духот.

... користете светски трансфер на знаење за издвојување од конкуренцијата ... и поставување на повисоко нива на услуги.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин и нивните совети тука.


https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna

За иницијативата #МојатаРабота

Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија.

Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности.


Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. 

    0