Првите 5 совети од реалниот македонски бизнис

Скопје, 11.08.2018. Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи ги објавува првите пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети на стопанствениците и менаџерите од Македонија.

„Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров, иницијаторот на #МојатаРабота.

Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување.


Александра Марковска,

Quality Consulting

консалтинг на преку 700 клиенти, преку 70 стандарди, и многу нови предизвици.

Делувај, делата најмногу тежат на временската вага. Јас никогаш не размишљам два пати :)) одма делувам.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Александра Марковска и нејзините совети тука.


Коста Петров,

P World

креативна агенција со присуство во над 35 земји во светот вклучувајќи ги САД, Канада, Јужна Кореја, Египет, Иран, Турција и земјите на Средниот Исток.

6 совети:
  1. Дефинирање цели

  2. Репутација

  3. Извини се за грешките

  4. Полова еднаквост

  5. Уживај во бизнисот

  6. Ти си повеќе од компанијата

Прочитај ја целата бизнис приказна на Коста Петров и неговите совети тука.


Виолета Анѓелковска,

независен бизнис консултант

член на првиот тим на Сојузот на стопански комори и поранешен менаџер на неколку хотели

Во секоја работа градете доверба. Довербата е лицето на душата. Упорноста е носилка, а тимот столб на успехот.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Виолета Анѓелковска и нејзините совети тука.


Зоран Витанов,

Лајконет Интернационал

... во моментов во 47 земји, а во иднина насекаде!

Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. ... ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе ... Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Зоран Витанов и неговите совети тука.


Јохан Елзесер,

Сокаче

За кусо време стана еден од најпознатите ресторани во Скопје

... БИЗНИС кој сакам да го работам... И тоа е дефинитивно бизнис кој е 99% успешен. Тоа што го работиш со љубов и веруваш во истото, ретко се случило да не успее...

Прочитај ја целата бизнис приказна на Јохан Елзесер и неговите совети тука.


https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna

За иницијативата #МојатаРабота

Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Идејата е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности.


Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. 

    0