Нови 5 совети од луѓето во реалниот македонски бизнис

post.update-date

Скопје, 08.09.2018. Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува нови пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија.

„Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров, иницијаторот на #МојатаРабота.


Верче Оречовска

В.И.П. Студио

фризерски салон

Иако сум правник, сепак љубовта према фризерството како професија преовлада. Веќе 19 години работам како фризер и шминкер.

(За да успееме) важно е да го сакаме тоа што го работиме, да бидеме храбри и одлучни. На сите порачуваме: “не се плашете и верувајте во себе”.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Верче Оречовска и нејзините совети тука.


Петре Димитров

еМагазин

портал

По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава.

Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија. Она што мене многу ми помогна е многу упорност, трпеливост и секако многу многу работа.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Петре Димитров и неговите совети тука.


Томе Коцаров

ТО-БЕ Пром, Нов Дојран

месарница и кебапчилница

Месарата ја отворив во 1993 година. Со овој занает сум повеќе од 40 години и продаваме само свежо месо.

За да ја подобрам продажбата на месото и да отворам нов пазар, во 2008ма отворив и кебапчилница.

Кога отворате бизнис, мислите на пазарот. Ако пазарот е мал, тогаш можете да се доведете во проблеми ако економијата не се развива.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Томе Коцаров и неговите совети тука.


Глигор Дачевски

doXteam

софтверска компанија

Софтверот е моја пасија од мали нозе а можноста да се натпреварувам со светот на тоа поле ми претставува огромно задоволство.

Во првиот момент кога беше можно во Македонија да се произведува софтвер а притоа да се пласира и со него да се натпреварува на светскиот пазар јас тоа го направив.

Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Глигор Дачевски и неговите совети тука.


Десанка Алчинова

Хина Продуктс, Гевгелија

производство

Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс.

Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку.

Прочитај ја целата бизнис приказна на Десанка Алчинова и нејзините совети тука.


https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna

За иницијативата #МојатаРабота

Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија.

Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности.

#БизнисПриказна #БизнисСовет


Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. 

    0