Најголемиот Косовски извозник премина на најновата верзија на Microsoft Dynamics NAV

Скопје, 18.12.2019. Логин Системи објавува дека успешно ја заврши надградбата на сметководството и деловниот софтвер во најголемиот Косовски извозник Фероникели. Преминот на најновата верзија од Microsoft Dynamics NAV 2018 се изведе минатиот викенд, а со финансиското затворање на месецот се утврди употребливоста на надградбата.

„Ги користевме нашите интерни миграциски алатки за пренос на податоци од постара верзија на најнова верзија.“ изјави Венко Глигоров, менаџер на проектот и управител на Логин Системи. „Со овие алатки е можно да се направи премин на Dynamics NAV / 365 Business Central во секое време без да се прават почетни состојби затоа што сите податоци од претходниот систем се префрлија во најновата верзија Microsoft Dynamics NAV.“

Фероникели од Косово е најголемиот Косовски извозник и е членка на групацијата Балфин, Balkan Finance Group.

Лиридон Морина со првата набавна приемница од новиот Dynamics NAV

На сликите долу (од лево на десно):

Со одделот за информатика и комуникации, Муса Кчику, Венко Глигоров и Рустем Харадинај. Со одделот за магацинско работење, Лиридон Морина и Авдул Морина. Со одделот за продажба и логистика, проектен менаџер Имране Авдиу, Фатбард Османи, Албана Красниќи. Со одделот за сметководство, финансии и работа со добавувачи.

„Вака изгледа човек кога ќе го префрли најголемиот Косовски извозник да користи најнова верзија на деловен софтвер и сметководство - Microsoft Dynamics NAV.“ напиша Венко Глигоров на својата фан страница.

Повеќе за начинот на изведба на миграцијата има на страната „Алатки за миграција на податоци за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central“.

Повеќе за опциите за миграција има во блог постот „Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем“.

#DynamicsNAV #msdyn365BC

    0