Магацински извештаи во македонската локализација во Dynamics NAV

Како дел од Македонската локализација на Microsoft Dynamics NAV, Логин Системи изработи нови магацински извештаи или ги подобри постоечките што доаѓаат заедно со Dynamics NAV.

Извештаите за магацин во NAV не ги содржат сите потребни колони што ги бараат книговодителите и финансиските менаџери во Македонија. Логин Системи изработи „Аналитичка картичка на артикл“ (материјално и финансиско движење на артиклот во соодветен период и локација), „Финансиска состојба по магацини“ и “Материјална евиденција во трговија“ - МЕТГ извештаи кои не постојат во NAV. Кај извештајот за вреднување на залихата додадовме колона за почетната состојба плус влезот за соодветниот период.

Бидејќи операцијата за вреднување на залихата и претставување во извештај може да биде подолготрајно, а на корисникот му е потребен брз податок на екран, Логин Системи изработи „Центар за брзо вреднување на залиха“. Преку овој центар корисникот може да исфилтрира податоци за магацин, период, категорија на артикл, број на артикл и да ги прикаже на екран спремни за копирање во Ексел.

Повеќе за македонската локализација и надополнувањата има на страната „Македонска локализација и надополнувања“.

#msdynnav #msdyn365bc #сметководство

0