Плати за вработени - работи и со e-пошта

Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV

Пресметката на платите е специфична работа за секоја земја. Dynamics NAV остава на провајдерите на решенија да вградат модул за плати и да го интегрираат со модулот за човечки ресурси.

Модулот што го изработи Логин Системи за платите во Dynamics NAV ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија и плус имаме направено дополнувања кои опфаќаат награди и одбитоци за вработените. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето, од нето кон бруто, пресметка на вграден или надополнет минат труд и сл.), како и сите дополнителни барања согласно најновите законски промени во РМ.

Месечна картичка на организација за Јули 2017

После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главната книга во сметководството или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен.

За потребите на фирмата ги изработивме и потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ППД-ГИ.

Изглед на дел од алатникот од модулот за плати

Исплатното ливче може да се праќа во PDF формат по е-пошта на секој вработен или да се врачува на традиционален начин. Изготвувачот на плати е доволно да кликне на копчето и да избере која група на вработени или сите вработени ќе добијат исплатно ливче преку е-пошта.


Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.


 

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#DynamicsNAV #MK

    0