Зошто Логин Системи е избор бр. 1 за бизнис софтвер во Македонија?

post.update-date

Прво и основно, го нудиме најдобриот и најпопуларен ERP во светот - Microsoft Dynamics NAV. Во својата најнова верзија NAV 2017, тоа е ERP кој го прилагодивме на македонското законодавство и прописи и го надополнивме со бројни функционалности. NAV е во функција во повеќе фирми и организации во Македонија.

Сепак, ERP системот е само едниот дел од успешно деловно решение за организациите. Важна компонента се и разновидноста на услугите и нивниот квалитет поврзани со ERP системот.

Услугите на Логин Системи имаат карактеристики кои не може да се споредат со другите кога се во прашање ERP решенијата. Овие услуги директно влијаат за тоа дали корисниците ќе имаат бенефити или трошоци во имплементирањет и користењето на ERP решенија.

Со задоволство и гордост ги истакнуваме нашите карактеристики ...

Јазикот на бизнисот.
 
Иако познавањето на програмирањето е неопходно, за успешна имплементација на деловни системи е потребно и знаење од менаџментот, финансиите и другите струки. Кој ќе го знае подобро јазикот на бизнисот ако не е Логин Системи?

Бенефит: побрза и поквалитетна изведба од идеја до реализација


 

Оптимизираност и конфор.
 
Модулите, програмскиот код и извештаите се оптимизирани и работат побрзо. Скратени се во голема мерка непотребните кликови за форми или пребарувања.

Бенефит: скратено време на користење
 

Проактивност.
 
Знаеме да работиме проактивно со корисниците и со тоа ги предвидуваме евентуалните идни грешки и пропусти што корисникот би можел да ги направи.

Бенефит: поефтино оддржување на ERP решение


 
Економичност.
 
За ист тип на работни задачи, помал е бројот на дополнителни објекти што ги користиме во NAV во споредба со конкурентите. Тоа значи помала инвестиција за лиценци и број на објекти во NAV. И поефтино одржување.

Бенефит: помалку пари за лиценци и месечни претплати

Соодветна поддршка на потребите.
 
Поддршката на решението и системот се дефинира во зависност од потребите како на пример работното време, начинот на комуникација и времето за одзив.

Бенефит: downtime е многу помал во однос на конкурентите

Искуство и сигурност.
 
Во бизнисот сме 25+ години, а во сопственичката структура го имаме е американскиот инвестициски фонд SEAF. Како фирма имаме најголемо искуство со NAV во Македонија и регионот.

Бенефит: Инвестицијата е осигурана дека ќе ги врати очекуваните резултати

На крајот на денот, кој не би сакал приходите да одат нагоре, а трошоците да одат надулу?

Со функционален ERP приходите одат нагоре, а трошоците надолу

Повеќе за Dynamics NAV има на линкот тука. Повеќе за услугите на Логин Системи има на линкот тука.

#MK #DynamicsNAV

    0