Договори за работа

Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV

Оваа функционалност е дел од модулот за човечки ресурси (кадровска служба) и содржи опции за водење на евиденција на договорите за вработување на работниците. Фирмата или организацијата ќе има евиденција на сите договори и анекси што ги склучил со вработениот.

Фирмата може да креира свој урнек на договор кој ќе се печати со потребните податоци и ќе биде спремен за потпис помеѓу фирмата и вработениот. Овозможивме поврзување на договорите за вработување со модулот за плата, со што се заштедува време во “дупло“ внесување на податоците, како и избегнување на грешки и превиди при пополнување на финансиските податоци поврзани со платите на вработените.


Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.


 

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#DynamicsNAV #MK

    0