Даночна пријава за данокот на додадена вредност ДДВ-04

Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV

Даночните обврзници кои се обврзани за регистрација или кои доброволно се регистрирале за целите на данокот на додадена вредност, обврзани се да поднесат Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец "ДДВ-04") за секој даночен период (месец или тримесечје).

Даночната пријава која ја нуди Dynamics NAV не е усогласена на потребите на сметководството во Македонија. Дел од спецификите на книжење на документите не се опфатени, како на пример книжење на износ на ДДВ директно на конто, одредување основица врз основа на износ на ДДВ и сл.

Изглед на екран од даночна пријава за ДДВ 04 во Dynamics NAV

Како што може да се види на сликата погоре, даночната пријава за ДДВ Логин Системи ја прошири да одговара точно како што ја бара законодавецот. ДДВ пријавата изгледа речиси идентично како пропишаниот образец од страна на Управата за јавни приходи УЈП.

Даночната пријава содржи и износи кои произлегуваат од книжењата директно на конта во лавната книга

Логин Системи ја дополни пријавата да ги зафаќа и износите кои се книжат директно на контата во главната книга, а се поврзани со ДДВ-то (слика погоре).

Дополнително, ставивме и опција за фирмите што се занимаваат со малопродажба како и да ги прикажува износите ако има даночен долг или побарување (слика долу).

Приказ на даночен долг / побарување

Даночната пријава за ДДВ (образец ДДВ-04) може да ја симнете од сајтот на УЈП тука.


Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#MK #DynamicsNAV

    0