Брифинг за софтвер за сметководство и оперативно работење

Скопје, 22.03.2017. Логин Системи, имплементаторот на софтвер за деловно работење, објавува дека организира настан за најновата верзија Microsoft Dynamics NAV 2017. Во форма на брифинг, присутните ќе може да се запознаат со концептот на ЕРП системот, новините во верзијата 2017, македонската локализација и поддршка како и начините на поставување на овој систем во организациите.

Брифингот е наменет за сопственици, менаџери или стручни лица во финансиите, продажбата, човечките ресурси и-или производството во мали и средни претпријатија. Тоа ќе биде интерактивен настан на кој присутните ќе може да поставуваат прашања и да ги изнесат своите барања и мислења околу ЕРП системите.​ Инструктори ќе бидат деловни консултатни и софтверски архитекти со децениско искуство во Dynamics NAV и софтверски системи.

Настанот ќе се одржи во салата на Логин Системи, на ул. Гиго Михајловски 3, Скопје, на 24ти март, петок, со почеток во 12:30 часот. Влезот е бесплатен за сите оние кои ќе се регистрираат на страницата www.loginsystems.biz/nastani.

#PR #DynamicsNAV #MK

    0