Поставен календар за бизнис настани и запазување на рокови кон УЈП и институциите

Скопје, 20.02.2019. Логин Системи објавува дека е поставен календар за бизнис настани и рокови кои треба да се запазуваат при испраќање на извештаи кон Управата за јавни приходи и другите институции во Македонија.

„Целта ни е корисниците на услугите на нашиот веб сајт да имаат место кадешто ќе се информираат и потсетуваат за наредните настани и рокови.“ изјави Венко Глигоров, модератор на сајтот на Логин Системи.

Со кликнување на одреден настан се добиваат повеќе информации за настанот со можност настанот да се копира во календарот на самиот посетител на сајтот.

Бизнис календарот се наоѓа на линкот тука!

    0