Oграничување на страната на контата при книжење

Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV

При операцијата на книжење во главната книга, Microsoft Dynamics NAV става износи на контата во главната книга и во колоната Должи и во колоната Побарува. Прописите во Македонија наложуваат некои од контата да имаат ограничувања на страната каде се книжат износите во главната книга.

Така на пример контата од класата 4 не смеат да имаат износи во колоната Побарува освен при затворање на годината.

Пример за ограничувања при книжење на дел од контата од класа 4

Слични ограничувања има и кај контата во класата 7 – едните групи можат да примаат износи само во колоната Должи, а другите само во колоната Побарува.

Пример за ограничувања при книжење на дел од контата од класа 7

Логин Системи направи функционалност во Dynamics NAV кадешто контата може да имаат ограничувања во кои колони (страна) може да примаат износи. Имено на самата картичка на контото се означува дали износите прокнижени на тоа конто ќе одат само на страната Должи, само на Побарува или на двете страни.

За пример како се изведува оваа функционалност, погледнете тука.


Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#DynamicsNAV #MK

    0