Microsoft Dynamics NAV 2017 „зборува“ македонски јазик

Скопје, 26.07.2017. Денес, Логин Системи објавува дека светски-популарниот систем за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2017, е расположив на македонски јазик за македонските фирми и организации.

„Покрај македонската локализација која е задолжителна за да се задоволат македонските закони, со преводот на Dynamics NAV 2017 го комплетираме Dynamics NAV за користење во фирмите, институциите и невладините организации во Македонија.“ изјави Венко Глигоров, проектен менаџер за Dynamics NAV 2017. „Овој превод го направивме со официјалните алатки и според правилата и стандардите на производителот Microsoft.“


 
Dynamics NAV со македонска локализација и надополнувања работи во дваесетина компании и организации повеќе години наназад. Сите овие организации ги поминале успешно контролите од Управата за јавни приходи (УЈП) и од светски реномираните ревизорски куќи при што добиле добиле позитивно мислење за нивниот систем за сметководство и ERP.

Повеќе екрани со македонски јазик може да се видат на галеријата подолу.

Галерија од екрани на Dynamics NAV 2017


 
Логин Системи е подготвен да го преведе Dynamics NAV и на албански јазик ако има интерес од фирмите и организациите чии вработени го користат албанскиот јазик како мајчин јазик.

Видео: Главно мени и улоги на корисници во Dynamics NAV


Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#PR #MK #DynamicsNAV #Сметководство

    0