Следење рубрики: сметководство, бизнис, PayPal и Dynamics NAV / 365 Business Central

За да може да се добиваат известувања за нови содржини, неодамна форумот е збогатен со опцијата за следење на рубриките (Follow / Following).

Скопје, 31.05.2019. -- Логин Системи воведе следење на рубрики и објави на својот форум кој редовно се збогатува со нови содржини, а објавите на форумот почнаа да побудуваат интерес за читање и коментирање.

За да може да се добиваат известувања за нови содржини, неодамна форумот е збогатен со опцијата за следење на рубриките (Follow / Following). Ако во најдесната колона од рубриката се кликне на Follow, статусот се преименува во Following - Following значи дека новостите од рубриката ќе се праќаат на емаил со линк до самата новост.

Избор за следење на рубрика или посебна објава

Избор на следење може да се прави и кога посетителот е во самата рубрика - слика долу.

Ако некоја објава посебно е интересна за следење, членот на сајтот може да ја обележи само таа објава за следење.

Следење на поединечна објава во некоја рубрика на форумот

Содржините на форумот се достапни за читање за секој посетител на форумот. Опцијата за коментирање и пишување на објави е овозможена само за членовите на форумот. Членувањето на форумот е бесплатно со пополнување на форма за емаил адреса или користење на акаунт за Фесјбук или Гугл. Листа на членови има на www.loginsystems.biz/members.

Известување на емаил или на сајт

Ако членот на сајтот означил некоја рубрика или објава за следење, известувањата (нотификациите) ќе ги добива на емаил адресата и ќе бидат означени во менито / хедерот од сајтот.

Известувања (нотификации) во хедерот на сајтот

Секој член има можност да ги подеси известувањата по своја желба и потреба.

Форумот се наоѓа на адресата www.loginsystems.biz/forum, а може да се чита и користи и преку мобилната Wix апп - http://wix.to/F0BBAGI.

#форум #пејпал #msdynnav #msdyn365bc #сметководство

    0