Деловниот софтвер ве изложува на ризик - кои се шесте знаци на препознавање

Како што се развива бизнисот и станува се' посложен, а купувачите очекуваат побрза и подобра услуга, алатките кои дотогаш ви помагале во бизнисот, може да станат пречка. Кај растечките бизниси, да се одлучат за ремонт на сметководствениот софтвер или деловните системи, може да биде застрашувачка задача.

Деловниот софтвер ве изложува на ризик - кои се шесте знаци на препознавање

Но кој е вистинскиот трошок за одржување на систем кој не ги задоволува повеќе потребите на бизнисот? Неменувањето на технологијата може да биде скапа работа и се одразува на помала продажба, незадоволство кај купувачите или ризици од казни заради непочитување на регулативата.

Ако препознавате било кој од овие предупредувачки знаци, време ви е за промена:

  1. Премногу се губи време во ракување со повеќе системи кои не можат да „зборат“ еден со друг.
     

  2. Рачните процеси се подложни на грешки и не може да се носите со зголемените потреби иако сте го зголемиле бројот на вработени.
     

  3. Создавањето и конфигурирањето на извештаите е премноги комплицирано и често не ги дава информациите кои се потребни
     

  4. Нецелосната и неточна информација создава незадоволство кај купувачите и изгубена продажба
     

  5. Зголемената потреба од усогласеност на законите како и грижите за безбедноста ве будат навечер
     

  6. Продуктивноста се намалува со трошење драгоцено време во преоѓање од една во друга апликација и во неповрзаноста на повеќето системи во употреба.

Ако знаците се јасни, што да се прави?

Не постои подобро време од постоечкото за да се замени софтверскиот систем со нов. Работењето во „облак“ отвара нови булевари за компаниите од било која големина за да ги прошират своите способности, да создадат подобра ефикасност и мобилност и да се подговат за постојаните промени во деловните услови. И сето тоа по прифатливи цени за секаков буџет.

Имајќи многу понудувачи на софтверски решенија, како да се избере вистинското решение што ќе одговара на потребите од бизнисот.

Карактеристиките на модерна технолошка платформа каква што е Microsoft Dynamics 365 Business Central вклучува:

  • Сеопфатна интеграција
     

  • Го поврзува целиот бизнис
     

  • Ги автоматизира и обезбедува деловнит процеси
     

  • Обезбедува поглед на бизнисот од почеток до крај
     

  • Доверлив технолошки провајдер како Microsoft
     

  • Овозможува мобилност
     

  • Брзо уште од почетокот

Адаптирано од изворни документи на Microsoft

#msd365bc #msdynnav #сметководство #софтвер

    0