Четување на веб сајтот на Логин Системи

Скопје, 20.03.2017. Логин Системи ги информира своите корисници и посетители на веб сајтот дека од денес е во функција услугата за четување на веб сајтот www.loginsystems.biz. Со оваа услуга Логин Системи ќе биде поблиску со посетителите на сајтот за да може да ги насочи во вистинска насока или да реши одредена ситуација на лице место.

„Нашите фиксни телефони многу малку звонат во последните години. Целата комуникација ја правиме преку емаил пораки, мобилни телефони и секако преку социјалните мрежи.“ изјави Венко Глигоров, главен менаџер во Логин Системи. „Навиките на луѓето за дознавање на новитети и решавање на проблеми се сменија и тие повеќе се на интернет сурфајќи по веб сајтови. Оваа група на корисниците сакаме да ја поддржиме преку сервисот за четување.“

Услугата за четување се активира во долниот десен агол на екранот од веб прелистувачот. Корисникот ќе го опслужува оператор кој е слободен во моментот, а ако има потреба, четот може да се пренасочи на соодветно стручно лице од Логин Системи. Во случај да нема активен оператор, посетителот се става на ред на чекање, или може да испрати порака.

„Моментално ни е актуелно организирањето на брифингот за Dynamics NAV и со овој сервис ќе ги опслужиме и заинтересираните кои го посетуваат сајтот надвор од работното време“, завршува Венко Глигоров.


Формирана во 1991ва година, Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia.

Корисни линкови:

#MK #PR

    0