Соопштение: Додаден нов оддел за сметководство на сајтот

Скопје, 05.01.2018. Денес Логин Системи објавува дека постави нов оддел за сметководство на сајтот на Логин Системи. Сите битни функционалности во сметководството и финансиите се поставени на едно место - www.loginsystems.biz/smetkovodstvo. Тие се организирани во 4 категории и тоа: Главна книга, Ракување со готовина, Основни средства и Извештаи и анализи.

"Со описите на функционалностите за сметководството ја заокружуваме целината соствена од вики-страници, блог-постови и форум за размена на знаење и искуства." изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Оваа целина е неопходна за развојот и напредокот на сметководителите бидејќи тие се битниот фактор за успешното работење на самите организации."

Одделот за сметководство и финансии се базира на функционалностите од Microsoft Dynamics NAV и надополнувањата на Логин Системи. Со повеќе од 100.00 корисници во светот, Dynamics NAV е еден од најпопуларните сметководствени и ЕРП програми за мали и средни организации во светот. Неговата прилагодена верзија е во функција во Македонија 15 години.

Категории во одделот за сметководство


Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#Сметководство #MK #DynamicsNAV #PR

    0