Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV

post.update-date

Функционалноста за Дојдовни документи може да се користи за директно префрлување на хартиени сметки во Dynamics NAV преку сликање со мобилен телефон.

Со видео сесијата која е прикачена подолу се покажува како со мобилните уреди се префрлуваат сметки за гориво преку сликање и испраќање (upload) во Dynamics NAV. Потоа овие дојдовни документи се прикачуваат на набавни фактури или на налози за книжење на набавки.

Откако ќе се внесат во систем и се прикачат на одредени трансакции, дојдовните документи се на располагање за преглед со кликнување на нивниот линк кој се прикажува на десната страна во самата рамка за факти (анг. incoming documents fact-box).


 

Видео сесија: Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV

Изведбата на операцијата прикажана на видео сесијата е на располагање за мобилните телефони и таблети со оперативните системи iOS, Android и Windows Phone.


Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#Сметководство #MK #DynamicsNAV

    0