За препорака на Microsoft Dynamics NAV се добива продажна провизија од 10%

Логин Системи ќе ги наградува правните и физичките лица за препорачување на Microsoft Dynamics NAV и Логин Системи кај потенцијалните корисници на ова сметководствено-деловното софтверско решение.

Препорачај го Microsoft Dynamics NAV (или Microsoft Dynamics 365 Business Central) и добиј продажна провизија од 10%

Скопје, 01.12.2018. Денес Логин Системи објавува дека започнува иницијатива за соработка со правни и физички лица кои ќе ги препорачуваат софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (Dynamics 365 Business Central), македонската локализација и дополнувањата од Логин Системи на трети фирми. Логин Системи ќе ги наградува правните и физичките лица кои ќе пронајдат и препорачаат потенцијални корисници на овие сметководствено-деловни софтверски решенија. За секоја препорака, Логин Системи ќе одвои 10% од вредноста на лиценците на Microsoft Dynamics NAV и дополнувањата на Логин Системи во форма на продажна провизија.

За да може да се заработи оваа провизија, лицата треба претходно да го најават интересот на одредена фирма за користење на сметководствен програм во Логин Системи. Тоа се прави со пополнување на онлајн формулар. Ако се склучи договорот во рок од 6 месеци, продажниот агент ќе може да ја добие провизијата од 10% на износот на лиценците. Ако се работи за месечен наем (претплата) на лиценци, провизијата се пресметува на вкупниот годишен износ на наемот.

"Логин Системи има убедливо најдолга историја во македонската информатичка индустрија во работа со деловни партнери наречени дилери", изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Во средината на 90тите години започнавме пионерски чекори за индиректна продажба преку специјализирани ИТ фирми и ланци од ИТ маркети и опслужувавме преку 1000 дилери. Сакаме ова наше искуство да го примениме и на ЕРП решенијата на Microsoft.".

Со оваа нова иницијатива, Логин Системи има за цел да го раздвижи пазарот на софтверски програми и услуги и да се овозможи збогатена понуда на поразновидни решенија за потребите на малите и средни фирми и организации.

Повеќе информации и препорачување се прави на страницата "Препорачај го Microsoft Dynamics NAV".


Основана во 1991 година, компанијата Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги кои од 2002 година се базирани на Microsoft Dynamics NAV. Нашите софтверски решенија се имплементирани во преку 400 фирми во Македонија од постоењето до денес. 

    0