Потпишан договор со холандската групација Кјубиес

Скопје, 18.10.2016. Логин Системи, провајдерот на софтвер и решенија за ЕРП (ERP) базиран на Dynamics NAV, и холандската групација Кјубиес (QBS) потпишаа договор за деловна соработка на полето на лиценцирање, имплементирање и поддршка за постоечките и новите корисници на Dynamics NAV во Македонија.

Соработката со Кјубиес ќе овозможи намалени трошоци на работење кое директно ќе има влијание на корисниците на Dynamics NAV преку подобри цени за лиценци од Microsoft и подобра услуга во имплементирањето и поддршката. Договорот опфаќа едукација на стручните лица на Логин Системи, стручна напредна поддршка од мрежата на партнери при проблеми со НАВ и помош во лиценцирањето. Како дополнување, стручните лица на Логин Системи ќе имаат можност за пружање на своите експертски услуги на интернационалните пазари.

„Последните две години Логин Системи силно се посвети на развојот на софтвер и решенија за сметководството заедно со другите витални деловни процеси како интегрален систем во организациите.“ истакна Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи. „Соработката со Кјубиес е природно продолжување на нашите активности во тој правец и доаѓа во вистинско време за нас и за сите корисници во Македонија“.

Кјубиес е најголемата и најбрзо растечката интернационална мрежа на партнери на Microsoft Dynamics која се состои од 350 фирми во 15 земји. Според Мариа Гарана, потпретседател на Microsoft Business Solutions за ЕМЕА, партнерите во мрежата на Кјубиес се поуспешни до 40% од другите фирми за Microsoft Dynamics NAV.

Со потпишувањето на договорот, Логин Системи ја воведува Македонија како 16та земја во оваа група. Договорот не менува ништо во комуникацијата на Логин Системи со постоечките корисници на Dynamics NAV но ќе има позитивни ефекти за наредни проекти и активности за одржување.

###

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање софтвер за сметководство и деловни процеси и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV.

#PR #DynamicsNAV #MK

    0