Плати и малопродажба во Мекиците од Стража

„Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата. Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV, хранарините од вработените автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час, а исплатното ливче системот го испраќа до секој вработен по емаил.“

Стане Исакоски,

одговорен за сметководство и администрација, Еврокомерц 5

За модулот плати

Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга (од сметководството) или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен.

Секој од вработените добива од системот исплатно ливче по пат на емаил со прикачен PDF документ.

За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ.

Повеќе за модулот за плати и цени има на линкот тука.

Поврзани стории

За Еврокомерц 5
 

 
Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/.
 

За Логин Системи
 

 
Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија.

Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav.


 

#MK #DynamicsNAV #PR

    0