Логин Системи се одзва на поканата за чистење на Општина Карпош

Венко Глигоров во акција на чистење

Скопје, 15.09.2018. Денес во рамките на Светскиот ден на чистење - #WorldCleanUpDay, Општината Карпош организираше темелно чистење на општината заедно со општествено одговорни компании, граѓани и организации. Основачот на Логин Системи, Венко Глигоров, се приклучи на оваа акција како жител на Карпош со компанија чије седиште е исто така во Карпош.

„Порано како ученик бев чест организатор на чистење на околината во Карпош 3. Сега ја прифатив поканата од Општината со огромно задоволство.“ изјави Венко Глигоров. „Потребно е да има редовни акции за чистење за да премине во навика да имаме чиста општина и град.

Видео-клип од акцијата на чистење во Карпош


Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. 

    0