Евиденција на ситен инвентар и потрошен материјал

СТАНДАРДНА МК локализација за Microsoft Dynamics NAV

Модулот за евиденција на ситен инвентар и потрошен материјал е интегриран дел од ERP решението Dynamics NAV изработен од Логин Системи. Артиклот кој треба да биде ситен инвентар се става во Дневникот за ситен инвентар и се задолжува вработениот со истиот. Потоа дневникот се искнижува.

Корисникот има опција да следи задолженост на вработениот и на целата фирма (материјално и финансиски) со ситен инвентар како и да ги раздолжува истите. Книжењата кои произлегуваат од овие трансакции се во согласност со македонското законодавство.

Картичка за лично задолжување за стен инвентар и потрошен материјал

Бидејќи решението е поврзано со другите модули од Dynamics NAV, извештаите за вработените ги вклучуваат и податоците за задолжувањата по основ на ситен инвентар и потрошен материјал заедно со трансакциите во благајната, продажбите и набавките, служебените патувања и други податоци.


Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#MK #DynamicsNAV

    0