Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово

post.update-date

Без продажба нема бизнис. И без навремена наплата нема бизнис. Една од основните задачи на софтверот е да овозможи точно фактурирање и испорачување на производите и услугите, како и книжење во сметководствените книги за магацините, купувачите и главната книга.

Продажна инка

При продажба во Dynamics NAV, се ажурираат сите книги во материјалното-магацинското и финансиското работење. Предноста во користењето на Dynamics NAV е во тоа што се знае состојбата на фирмата во реално време, а преку целосни и јасни извештаи се донесуваат поквалитетни одлуки.

На видеото подолу се прикажува како се олеснува продажниот процес со Microsoft Dynamics NAV и се презентираат основните екрани од продажната порачка.

Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово


Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.

#DynamicsNAV #MK

    0