Со ERP.mk сме подостапни за корисниците, читателите и членовите

Како би се викала адресата посветена на ERP во Македонија ако нема ERP во својот назив? Затоа, од денес може да се користи www.ERP.mk за пристап до информации за софтверските решенија во сметководството и деловното работење.

На сајтот ги има функционалностите на светски-познатиот софтвер за ERP - Microsoft Dynamics NAV (www.ERP.mk/DynamicsNAV). Со постовите од блогот www.ERP.mk/blogerp може да се дознаат повеќе корисни сценарија и да се прочита за ERP и деловното работење. На форумот www.ERP.mk/forum се поставени повеќе категории од областа на сметководството и финансиите, менаџментот и популарните теми од областа на Dynamics NAV.

Логин Системи е компанија за изведба на софтверски решенија за сметководство и деловно работење базирани на Microsoft Dynamics NAV. Решенијата на Логин Системи се користат во Македонија, Косово, Албанија и неколку други земји во светот.

#ЕРП #ERP

    0