Рокот за доставување на завршните пресметки е продолжен до 24.03.2020, информираат УЈП, ЦРМ

Рокот за доставување на завршните пресметки е продолжен до 24.03.2020, информираат УЈП, ЦРМ

СКОПЈЕ - Управата за јавни приходи (УЈП) и Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) го продолжија рокот за поднесување на годишните пресметки од 15.03.2020 до 24.03.2020.

„Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.“ пишува во известувањето на Централниот регистер на Македонија.

До сега во Централен регистар се поднесени вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки. Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година  изнесуваше 88.000.

Во соопштенито на УЈП се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс  на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”),  Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.

Извор: УЈП, ЦРМ

#сметководство

    0