Централен регистер: Поднесување на годишни пресметки до 29.02.2020 и 16.03.2020

Централен Регистер: Рокови за поднесување на годишни пресметки

СКОПЈЕ - Централниот регистер на Република Северна Македонија ги информира сите обврзници за поднесување на годишни сметки дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, во деновите 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020(петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година од 08:00 до 20:00 часот.

Микро и мали субјекти  кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година.

Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

  • Кратово - во објектот на Општина Кратово

  • Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар

  • Крушево - во објектот на Уни банка

Приемот во овие градови наместо во 20.00 часот ќе биде до 16 часот.

Воедно, Централниот регистер ги известува самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи да се достави согласно новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност (Сл.весник на РСМ бр.21/20) .

Извор: Централен регистар на Република Северна Македонија


Повеќе за сметководство и финансии има на форумот за сметководство.

#сметководство #централенрегистер #ујп

    1