Обновен мини-бизнис клуб

Многумина го помнат бизнис клубот на Логин Системи. Кога се отвори беше уникатен не само за ИТ заедницата.

За вработените беше место за појадок, кафе муабет и интерни состаноци - посебно се користеше во неработно време за работни средби. Во бизнис клубот се одржуваа бизнис состаноци со клиенти и потенцијални купувачи.

Мини-бизнис клубот на Логин Системи

Клубот беше доволно голем и за прослави, коктели па и живи свирки. Многу познати лица и нормален свет го имаат искусено еспресо кафето и пијалоците во бизнис клубот.

Бизнис клубот изгуби на значење со новиот закон за пушење. Луѓето ги правеа паузите надвор. Се изгуби онаа сплотеност и размена на бизнис идеи.

Со трансформацијата на Логин Системи од водечки регионален дистрибутер за ИКТ производи во провајдер на деловни решенија и услуги - бизнис клубот го затворивме.

Минатата седмица Мими (Глигорова) го обнови клубот со креирање мини бизнис клуб при што користење дел од елементите од затворениот клуб.

Во продолжение има галерија од слики за потсетување на минати времиња.

Два претседатели во исто време

Еден од највпечатливите настани беше во 2003та година кога во бизнис клубот беа гости два Претседатели - едниот на Македонија, Борис Трајковски и другиот на Моторола, Мајк Зафировски (последна слика во галеријата горе).


Ако некој се сеќава на некои случки со бизнис-клубот или имате никатни слики, ве молиме да споделите во коментар.

    0