Побрзо до информации во движење со мобилната Wix апликација за сајтот на Логин Системи

Скопје, 29.04.2019. Логин Системи, овластениот провајдер на Dynamics NAV / 365 Business Central, информира дека мобилната апликација за побрзо прегледување на содржините на веб сајтот на Логин Системи е расположива за сите посетители на сајтот на Логин Системи.

Преку мобилен телефон или таблет со Android/iOS оперативен систем ќе може секој да се придружи на форумот за сметководство и бизнис, да ги чита блог-објавите и новостите за софтверските деловни решенија ЕРП. Ќе може да се дебатира за ПејПал, како и да се четува со другите членови на заедницата на Логин Системи. Со активности поврзани со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central, корисниците на мобилната апликација потенцијално ќе градат меѓународна кариера.

„За разлика од претходната наша мобилна апликација која беше повеќе како засебен прелистувач на сајтот, оваа апликација е направена да работи брзо, да има интеракција со сајтот и членовите на сајтот, и да може да се прегледуваат содржините појасно.“ изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Ја избравме платформата на Wix за ова решение бидејќи се користи кај милиони корисници во светот и фирмата е посветена на унапредување на мобилната платформа“.

Пред две години сајтот на Логин Системи го посетуваа 30% мобилни корисници. Од оваа година мобилните корисници се повеќе од половина со пенетрација од 60%.

Функционалности на мобилната апликација

Користење на форумот

Покрај рубриката за Сметководство и финансии, креиравме и живи се рубриките за Стратегија и менаџмент, Dynamics NAV / 365 Business Central, ПејПал, Бизнис стил и здравје, и Бизнис совети.

✅ Комуницирање со заедницата на Логин Системи

✅ Закажување средба за користење услуги од Логин Системи

✅ Контакти за директна комуникација

✅ Блог-содржини за ERP и актуелности

Поканата за користење на мобилната апликација може да се преземе од адресата http://wix.to/F0BBAGI.


Логин Системи е овластен провајдер на софтверски деловни решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central од 2002ра година до денес. Повеќе на www.LoginSystems.biz.

    0