Калкулаторот за плата проширен со ангажман, персонален данок на ефективна плата

Скопје, 25.04.2019. Логин Системи го дополни бесплатниот веб калкулатор со нови функционалности и ги подобри постоечките. Новини кај калкулаторот се пресметка на плата според ангажман во текот на месецот, пресметка на персонален данок според ефективна плата или целосна плата.

Овие функционалности заедно со можноста за избор на месец и година како и работен стаж, го прави веб калкулаторот на Логин Системи најцелосно бесплатно решение за плата во Македонија.

Процент на ангажман %

Се става вредност во проценти на време посветено на работа во месецот во организацијата. Ако се стави 50% тоа значи дека пола од времето во месецот вработениот е во организацијата.

Персонален данок на ефективна плата

Ова поле игра улога ако полето Ангажман % е различно од празно и е различно од 100. Ако е штиклирано, персоналниот данок се пресметува на ефективната плата. Ако не е штиклирано, персоналниот данок се пресметува на целосниот месечен износ на платата и се множи со полето Ангажман %.

Во исписот на пресметката се назначени и бројот на ангажирани часови во месецот. Персоналниот данок може да се пресметука на ефективни работни часови во месецот или на целосната плата како да работи вработениот со 100% ангажман во месецот. Во горенаведениот пример ова поле нема влијание на персоналниот данок бидејќи целосната плата не оди на прагот за пресметка на прогресивен данок.


Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.

Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија).

Повеќе за Dynamics NAV / 365 Business Central има на линкот www.erp.mk/DynamicsNAV.

#плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

    0