Милениумската конференција ИнтраЛогин 2000 во Охрид ги сруши сите рекорди и остана ненадмината

Деновиве се присетуваме на милениумската ИКТ конференција ИнтраЛогин 2000 што се одржа во хотелите Метропол и Белви во Охрид од 08 до 10ти ноември пред 20 години.

Делегатите на ИнтраЛогин 2000 добиваа конференциски пакет составен од ранец, кошула Levi's, чаша за чај/млеко, пешкир за базен и материјали од нашите спонзори. Секој пакет се состоеше од влезници за предавањата, изложбениот простор и забавите.

Предавањата беа организирани според следните теми и се изведуваа во 5 различни конференциски сали:

  1. Системска архитектура и инфраструктура

  2. Windows DNA за програмери  

  3. Десктоп апликации за организации

  4. Претставување на деловни решенија, производи и фирми

  5. Microsoft Sales Specialist курс

Влезници за три настани и забави:

(1) коктел за добредојде

(2) бањање и дружење на базенот во Метропол

(3) конференциска журка во клуб Арена, Охрид

Секое утро за делегатите имаше бесплатен примерок од дневниот весник Дневник и купони за кафе и пијалоци во кафе-баровите во Метропол и Белви во Охрид. На располагање беше и интернет-кафулето поставено од Македонски Телеком.

Логин Системи спонзорираше котизација за стотина студенти за да може да присуствуваат на предавањата без надоместок.

Буџетот на конференцијата беше 135.000 германски марки, што доаѓа отприлика 135.000 евра. Планот на Login Systems / Логин Системи беше сите средства собрани од делегатите и од спонзорите да бидат потрошени на самиот настан.

Накусо, подолу се статистиките.

Инфо за ИнтраЛогин 2000

Спонзори на конференцијата беа Microsoft, Македонски Телеком, Veritas, Network Associates (McAfee), Хермес-плус, Compaq, Семос, Визион, Fenestrae, Marconi Communications, Cisco Systems, и Eicon Networks.

Подолу споделуваме дел од фотографиите кои сведочат за бројните активности за време на конференцијата ИнтраЛогин 2000.

Регистрација и добредојде на делегатите

За време на регистрацијата и после тоа, Логин Системи приреди коктел за добредојде, а за музичкиот дел беше задолжена кавадаречката група „Трио Гранде“.

Отварање и предавања

Секој ден почнуваше со пленарно излагање на актуелна тема од информатичката технологија. Потоа делегатите се распределуваа во конференциските сали според темата од интерес.

Конференција ја отвори Претседателот на Република Македонија, г-нот Борис Трајковски. Тој зборуваше за неговата иницијатива и ново-формираниот комитет „е-Македонија за сите“.

Забава во базен

За музика беше задолжена Верица Пандиловска, а спонзори беа Семос и Повардарие Неготино.

Конференциска забава во клуб Арена

Спонзори на настанот беа Еин-соф како и фирмите за пијалаци Бадел 1862 и Повадарие, Неготино. За целовечерната музичка атмосфера беше задолжена дивата Биба Додева, а повремени настапи имаа Каролина Гочева и Благица Павловска.

Изложбен простор и спонзори

Во посебен дел беше поставен изложбен простор од производители и дистрибутери на информатичко-телекомуникациска опрема и услуги.

Тркалезна маса „Како да се привлечат инвеститори“

Под раководство на Кабинетот на Претседателот Трајковски, организиравме тркалезна маса за да се разменат искуства и сознанија за привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Тимот на Логин Системи

За организацијата на настанот и предавањата без вклучени 18 вработени од Логин Системи и 8 хонорарни помошници.

Ако некој бил на оваа конференција или на било каков начин е поврзан со оваа конференција, споделете искуства или слики тука.

Повеќе слики за Логин Системи има на линкот „Галерија на слики“.

#ЛогинСистеми #LoginSystems

    0