Способности Business Central | Login Systems
top of page

Истражи ги способностите на Dynamics 365 Business Central

Financial Chart
Способност Business Central

Зголеми ја финансиската видливост

Финансиска видливост Business Central

Носи одлуки со информации од поврзани податоци во сметководството, продажбата, набавките, магацините и трансакциите со купувачите
 

Графички прикажувај ги финансиските перформанси во реално време со вградени дешборди од Power BI. Препознај ги трендовите и облиците и здоби се со нови погледи со длабински анализи и неограничени критериуми.
 

Забрзај ги финансиските затворања на периодот и извештаите и одржувај усогласеност со брзи, точни и поедноставени картички на кучувачи и добавувачи.
 

Подобри ја точноста на прогнозите со сеопфатна анализа и моделирање на податоците. Кастомизирај ги и споделувај ги извештаите со беспрекорна интеграција со Excel.
 

Оптимизирај го ланецот на снабдување

Предвиди го оптималното време за надополнување на залихата со вградената интелигенција. Користи ги продажните прогнози и очекуваниот недостиг ан залихи за да направи автоматски набавни порачки.
 

Добиј холистички поглед на залихите за навремено набавување. Следи ја секоја трансакција на артиклите и движењата со поставување на бинови базирани на распоредот на магацините и критериумите за складирање.
 

Пресметај го и оптимизирај го капацитетот на производството и ресурсите за да се подобри планот на производството и да се задоволат барањата на купувачите.
 

Одржувај вистинско ниво на залихи со автоматско пресметување на нивоите на залиха, времето на набавки и нивоите на порачување. Кога бараните артикли не се на склад, автоматски се препорачуваат замени.
 

Supply Chain Capability

Зајакни ја продажбата и подобри го сервисот

Sales Capability

Дај приоритет на продажните зделки базирани на потенцијалот за приходи. Воде евидендија на сите интеракции со купувачите и доби водич за најдобри продажби и обновливи можности во текот на твојот продажен циклус.
 

Забрзај го продажниот процес од понуда до наплата. Реагирај брзо на продажно-поврзаните истраги, ракувај со барањата за сервис и обработувај плаќања - сето тоа и преку Outlook.
 

Добиј сеопфатен поглед на сите твои сервисни задачи, оптеретености, и вештини на вработените за да можеш ефикасно да доделиш ресурси и да фасилитираш решенија.
 

Изведувај проекти на време и според буџет

Создавај, менаџирај и евидентирај проекти со користење на временски распореди заедно со напредни можности за проектни трошоци и извештаи. Развиј, модифицирај и контролирај буџети за да осигураш профитабилност на проектите.
 

Ракувај со нивоите на ресурси преку планирање на капацитет и продажби. Евидентирај ги фактурирањата кон купувачите наспроти планираните трошоци на проачките и понудите.
 

Прави ефикасни одлуки со погледи кон статусот на проектите во реално време, прегледувај ја профитабилноста и метриките за искористеност на ресурсите.  
 

Project Capability

Заштити ги твоите податоци и биди усогласен со GDPR

Secure Capability

Почитувај ги правата на твоите купувачи за приватност и подеси го бизнисот да биде усогласен со регулативата GDPR (General Data Protection Regulation).Додели и ограничи пристап до личните податоци на повеќе нивои и имплементирај ревизорски траги за да обезбедиш сигурност и одговорност.
 

Ракувај, складирај и емитувај податоци безбедно низ твоите системи со нивна заштита од неовластен пристап преку автоматската енкрипција Microsoft datacenter.
 

Води го твојот бизнис од секаде

Имај исто корисничко искуство независно дали решението ти е во „облак“, во твои простории или комбинација од двете.

Земи го бизнисот со тебе кога си во движење со конзистентно, интиутивно искуство на Windows, Android или уреди со IOS за мобилен пристап до Business Central.
 

Mobility Capability

Побрзо почни со користење на услугите на Логин Системи

Ако мислиш дека не си спремен, дека немаш проектна документација и/или сакаш подобро да го разбереш решението, ние ќе ги помогнеме со нашите бесплатни или платежни услуги.

Следни чекори

... или прегледај го нашиот форум и комуницирај со нашата заедница |>

Hands
bottom of page