Актуелни објави

1

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif

Соопштение за јавност


Скопје, 28.06.2017. Логин Системи и Холандскa менаџмент фирма со претставништво во Македонија потпишаа договор за имплементација на ЕРП решение со Microsoft Dynamics NAV 2017. Според договорот претставништвото ќе користи трајни лиценци за Dynamics NAV со холандска локализација, а ќе се хостира локално во Македонија.

„Радосни сме што Dynamics NAV 2017 наоѓа се' поголема примена во различни индустрии и за различни големини и типови на организации“, изјави Венко Глигоров, главен проектант на ERP решенија во Логин Системи. „Оваа имплементација во претставништвото ќе биде карактеристична заради тоа што решението ќе се прилагоди да биде компатибилно и со холандските и македонските закони и прописи“.

Покрај услугите за имплементирање и одржување, дел од договорот е и пресметката на плати за вработените во Македонија.

Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz.

#PR #MK #DynamicsNAV

arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan