top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

блог

Со локални алатки се прават само локални резултати

Императив за секоја фирма е да се развива и расте. Ако не го прави тоа, прашање на време е кога конкуренцијата ќе го заземе просторот што...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Со локални алатки се прават само локални резултати

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

MakasIT.gif

Императив за секоја фирма е да се развива и расте. Ако не го прави тоа, прашање на време е кога конкуренцијата ќе го заземе просторот што фирмата го оставила заради отсуство на раст или недоволен раст.


Dynamics NAV Macedonia, НАВ Македонија, Логин Системи

Растот и развојот на една една фирма зависи од повеќе фактори. Да набројам неколку тука: капиталот, организацијата за работа, индустријата во која се наоѓа, конкуренцијата, изборот на човечки ресурси, маркетингот и соодветниот квалитет на производите согласно барањата на купувачите. Дополнително, ако пазарот во кој работи фирмата е мал и-или стагнира, неопходен е меѓународен излез на фирмата. Секако важна компонента на развојот на една компанија е и амбицијата на сопствениците за развојот и напредокот на организацијата.

Алатките и технологиите за работа играат голема и пресудна улога во работењето на фирмите. Дали е исто една нива да се обработува со лопата, рало и плуг, или со трактор? Секако дека не е. Дали е исто фирмата да изработува понуди на рака или со помош на компјутер и Microsoft Office? Секако дека не е.

Една површна анкета покажува дека малите и средни фирми во Македонија многу малку користат современи ЕРП решенија во своето работење. Кај овие фирми најчесто ги сретнуваме следните случаи: (1) сметководството им го води сметководствено биро, или (2) имаат еден сметководител во фирмата кој им го води книговодството како одвоен остров од другите деловни процеси. За нив тоа е нешто што е задолжително заради државата, а сите други извештаи и анализи ги прават одвоено од главната книга.

Фирмите секако имаат предвид дека сметководството е регистар на сите трансакции во фирмата од разните деловни активности – види слика подолу. Сепак, тие многу тешко се одлучуваат на интегрирањето на деловните активности во еден систем.


софтвер сметководство, модули ЕРП, деловно работење

Ако не се интегрирани податоците и трансакциите со сметководството тогаш фирмите немаат можност за корисна анализа во своето работење. Ако податоците се наоѓаат на различни места и во различни формати, менаџментот на фирмите или добиваат извештаи и анализа многу доцна или добиваат неточни извештаи. Импликација на ова се погрешни деловни одлуки или несогледување на битни трендови во фирмата и надвор од фирмата.

ERP е вистинското решение

Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Иако има одлични локални софтверски решенија во Македонија, ваквите локални решенија се правени првично како софтвер за сметководство, а потоа му се надодадени базични функции за одредени процеси во работењето на организациите. Поради трендот на ЕРП, некои локални изготвувачи на софтвер побрзаа да ги прекрстат своите софтверски решенија како ЕРП системи.

Постои голема разлика помеѓу локалните програми за сметководство и ЕРП системите од светска класа. Таков е примерот со Microsoft Dynamics NAV, ЕРП систем, кој е направен како софтверска платформа врз основа на целокупните потреби на организациите, а не само на сметководството. Кај НАВ сметководството е еден модул во целоккупното ЕРП решение.

Локален софтвер или светска класа ЕРП системи

Дури и да кажеме дека локалните софтери имаат прилично солидни опции за комерцијално работење, магацинско работење, набавки и човечки ресурси ... Сепак, локалните софтвери немаат 4 битни компоненти кои се неопходни за современото работење, или ако ги имаат, тие се со скромни можности и работат одделно од софверот за сметководство.


Microsoft Dynamics NAV Macedonia, Login Systems

Производството во Dynamics NAV е направено да се води на два начини и тоа како асемблирање (или лесно производство) или целосно производство. Модулот за проектен менаџмент ги води трошоците и приходите од проектите и ги книжи соодветните промени. Поправањето на производите и давањето на разни услуги се изведува во делот за услужен менаџмент. На крајот, неспорно е дека меѓународното искуство е важно за софтверското решение бидејќи со локалните алатки не може да се прават резултати од меѓународен ранг. Dynamics NAV се користи во преку 100 земји и во решението се вградени светските искуства во речиси секој сегмент од деловното работење на фирмите и организациите.

Зошто е важно софтверските модули кои го поткрепуваат деловното работење на фирмите и нивните процес да бидат интегрирани?

Прво, интегрираноста овозможува да нема грешки при изработувањето на извештаите за менаџментот, банките, купувачите и добавувачите. Второ, со ист број на вработени може да се постигнат подобри резултати. Трето, интегрираноста ги обесхрабрува вработените да прават намерни грешки и со тоа да неовластено да присвојат дел од ресурсите на фирмата. Четврто, ако фирмата користи ЕРП решение од светски ранг ќе биде повеќе вреднувана кај своите меѓународни деловни партнери, а воедно ќе биде компатибилна за поуспешна соработување.

Ефекти

Најважното е тоа што со поставување на платформа Dynamics NAV, фирмата ќе има поставено скалабилна и флексибилна архитектура која ќе го поддржи зголемениот обем на работа и ќе ги поедностави сложените процеси во фирмата.

Крајниот ефект? Главните менаџери ќе може да се фокусираат на бизнисот, а не на проблемите што произлегуваат од недоволно информатички поткрепените деловни процеси. Фокусирање на бизнисот наместо на алатките носи значително подобри деловни резултати.

 

Корисни линкови за дополнителна разработка:

0 comments

Комментарии


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page