top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

информација

функционалности

Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители

Новости: Логин Системи ја прилагоди ролјата Сметководители да одговара на потребите и навиките на македонските сметководители. Главниот...

пишува:

Angel Face

Автор

22.09.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

Новини во управувањето со складишта (Business Central 2023 release wave 2)

MakasIT.gif

Новости: Логин Системи ја прилагоди ролјата Сметководители да одговара на потребите и навиките на македонските сметководители.


Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители

Главниот екран на Dynamics NAV за ролјата Сметководител

Во централниот дел од главниот екран се прикажани отворените документи и документите што доспеваат наредната седмица. Во десниот дел сметководителот може да избере кои му се омилените конта, добавувачи и купувачи и во секое време да ги гледа нивните салда. (подетални слики се наоѓаат најдолу во постот).

Од лева страна во горниот дел се прикажани најкористените команди какви што се контен план, сметки во банка, купувачи, добавувачи, буџети и дојдовни документи. На десната страна во долниот дел се прикажани областите какви што се дневници за книжење, основни средства, плати и вработени, паричен тек, трошковно сметководство, преглед на книжените продажни и набавни фактури и приемници/испратници, како и команди за администрација и подесување. Има можност и за евиденција на работно време за да се синхронизира со платите.

Во горниот дел од екранот се наоѓаат табови со листа од команди. Листата е контекстно чувствителна и се прикажуваат само командите кои се битни за дадениот избор. На пример, ако изборот е конта, тогаш се прикажани команди кои се карактеристични за работата со конта.

При избор на контен план, се прикажуваат контата од контниот план заедно со салдата, а во табовите има команди кои се соодветни за контниот план. Десно од листата, сметководителот може да става забелешки и коментари кои се однесуваат за соодветните конта.

Кликни во галеријата од слики погоре за детален преглед и зголемени слики

 

Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

0 comments

Comentários


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page