Актуелни објави

Бесплатниот веб калкулатор за плата е дополнет со коефициенти за 2021 година

Пејпал: Нова премиум услуга 1-на-1 за бизнис сметка за наплата преку МК картичка

Логин Системи надгради Шведска компанија со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Онлајн конвертор: Шест комбинации на конверзија на текст од MK фонт/латиница во кирилица и обратно

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif

Од неодамна Microsoft овозможи користење на лиценцата Dynamics NAV по пат на рентање или плаќање на месечна претплата (анг. Subscription Licensing). Со ваквото лиценцирање корисниците се здобиваат со правото да го користат ЕРП софтверот и услугите на Мајкрософт наместо да ја поседуваат лиценцата во трајно користење.


Пред да ги разгледаме начините на претплата, да наведеме дека ЕРП решението Dynamics NAV доаѓа во две пакувања: стандардно и напредно (или Starter Pack и Extended Pack следователно). Некои корисници имаат потреба само од Starter Pack, а некои корисници имаат потреба стандардните функционалности плус производство, сервис и други напредни опции и затоа покрај Starter Pack се одлучуваат и на Extended Pack.


За да може да се пристапи на функционалностите од Dynamics NAV, корисникот треба да набави клиентски лиценци или да се претплати на клиентски лиценци по пат на рентање. Лиценцниот модел по пат на рентање вклучува три вида на лиценци – SAL (Subscriber Access License – лиценца за пристап по пат на претплата).

  • Стандарден корисник (Standard User SAL). Оваа лиценца овозможува да се изведуваат сите задачи и операции во ЕРП системот што одговараат на функционалноста на решението од едицијата Starter Pack.

  • Надополнет корисник (Extended User Additive SAL). Како надополнување на функционалностите од Starter Pack, некои корисници имаат потреба од дополнувањата вклучени во решението Extended Pack и затоа е потребно да ја изберат оваа лиценца како надопонување на лиценцата за стандарден корисник.

  • Лимитиран корисник (Limited User SAL). Овој вид на лиценца се користи за лица кои имаат многу базични потреби за прегледи без можност за ажурирања на податоците. Обично се земаат за менаџери и корисници кои прават анализи врз основа на извештаи и форми.

Избор на соодветни лиценци

За да се избере соодветниот вид на SAL лиценцата, прво треба да се одреди нивото на функционалност на ЕРП решението. Ако се потребни функционалностите од стандардниот пакет на решението тогаш се доволни само лиценци за стандарден корисник (или комбинација од лиценци за стандарден корисник и лимитиран корисник). Ако на корисникот му се потребни функционалностите од напредното пакување на Dynamics NAV тогаш корисникот мора да има покрај стандардните лиценци и лиценци за Надополнет корисник (во ист број како бројот на стандардни лиценци).

Вредно е да се напомене дека Dynamics NAV 2017 вклучува една бесплатна лиценца за надворешното сметководство (ако фирмата има надворешно сметководство) за потребите на ревизијата или дополнителните сметководствени услуги. Исто така во NAV 2017 е вклучена и една бесплатна лиценца за фирмата која го поставува и одржува решението кај корисникот – во конкретниот случај тоа е Логин Системи.

Услови на претплатничко лиценцирање

Бидејќи Microsoft Dynamics NAV 2017 се лиценцира на месечна основа, постојат флексибилности за прилагодување на бројот на лиценци согласно потребите на работата на организацијата. Кога се додаваат лиценци SAL, цената на чинење на лиценцата е одредена однапред врз основа на преостанатите наредни денови во месецот. Кога се отстрануваат некои лиценци, истите се тргаат од системот на почетокот на наредниот месец. Корисникот може да го раскине договорот за лиценцирање без казнени пенали во било кое време со тоа што ќе треба да плати до крајот на месецот во кој доаѓа до раскинување на договорот.

Разлика помеѓу Набавка и Претплата на Dynamics NAV

Опцијата за претплата целосно ја заменува опцијата за иницијално купување на лиценците и годишниот Enhancement Plan. На наредната табела има споредба на двата типа на лиценцирање: со трајно сопствеништво на лиценците (perpetual) и изнајмување (subscription).


И со двата видови на лиценцирање, корисникот треба да одлучи каде ќе се смести решението Dynamics NAV: на сопствен сервер, или хостирано кај Логин Системи, или Microsoft Azzure или некој од македонските клауд провајдери. Логи Системи има искуство во сите комбинации.

Деталното упатство на Мајкрософт за лиценцирање на Dynamics NAV 2017 го има на линкот www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav. За ориентирни цени на трите видови на лиценци за рентање, посетете го електронскиот каталог на производи и услуги на Логин Системи.

Повеќе информации со примери има на блогот Инвестирање во нов ЕРП систем!

#MK #DynamicsNAV

0 comments
arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan