Скопје, 02.04.2017. Последниот ден од минатата работна седмица, Логин Системи одржа брифинг за новите можности на Microsoft Dynamics NAV 2017. Покрај прегледот на изгледот на NAV 2017 и неговите функционалности, присутните се запознаа и со фазите во поставување (имплементација) на Dynamics NAV како и македонската локализација изведена од Логин Системи.
"Dynamics NAV не е само сметководствен програм. Тоа е ЕРП систем кој ги подржува деловните процеси во организацијата и ги олеснува активностите на вработените." изјави Венко Глигоров, проектен менаџер на Microsoft Dynamics NAV и Dynamics NAV Lead Developer. "Современиот програм за сметководство како и ЕРП решенијата треба да може да се користат на сите можни уреди и оперативни системи".
Логин Системи покажа дека Dynamics NAV може да се користи и на персоналните компјутери и лаптопи базирани на Windows и Apple macOS X, на таблети базирани на Windows, Apple iPAD и Android. Поддржани се и трите оперативни системи од мобилните телефони iOS, Android и Windows Phone.
Присутните изразија интерес за производство и водење проекти во земјоделието како и за можностите со мобилните и веб решенија на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи одговараше на прашањата поврзани со цените за имплементација на ЕРП решенија и за приодите за воспоставување на NAV.
Наредниот настан од ваков вид (брифинг) е планиран да се одржи на 21.04.2017. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz/nastani.
Comments