Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни цени како што се бара во Македонија. Поддршката ја овозможува македонската локализација и надополнувањат на Логин Системи. На Dynamics NAV може да се прикачат ПОС апликации кои се поврзуваат со фискалните принтери и формираат ПОС каси.
Надополнувањата и подесувањата што ги прави Логин Системи се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени и обратно како и за потребните извештаи што ги бара законодавачот.
ПОС апликацијата на Логин Системи е со едноставен изглед но има моќни опции за брза и конформна работа на корисниците. Тие може да користат тачскин монитори или глувче со тастатура. Исто така, ако производите имаат бар-кодови, може да се користат бар-код читачи. Подолу се прикажани неколку екрани од апликацијата што е во функција во ланецот на ресторани: Мекиците од Стража.
Повеќе екрани од апликацијата и опис на функционалности има на линкот тука ...
Front office и Back office за прогресивни бизниси во малопродажбата - имаме искуство со консалтинг и имплементација на софтверски решенија во ланци на бутици (Кортефиел, Космополитан) и широка потрошувачка (Neptun Albania), ресторани (Мекиците од Стража, Macedonia) и големи маркети (Jumbo Albania). Имаме искуство во имплементација во бизниси со големопродажба и салон за малопродажба (Wurth, Македонија).
Позадинското работење е Microsoft Dynamics NAV, а ПОС апликациите може да бидат од различни производители како и од Логин Системи.
Jumbo Albania
Мекиците од Стража
Wurth Macedonia
Neptun Albania