Актуелни објави

1

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif


Скопје, 01.12.2016. Логин Системи, имплементарот на софтвер за сметководство и ЕРП системи, и Еврокомерц 5, сопственикот на ланецот на ресторани за брза храна, Мекиците од Стража, објавуваат дека успешно е имплементиран модулот за плати во работењето на Мекиците од Стража.

Модулот што го изработи Логин Системи за платите ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето или од нето кон бруто со пресметка на минат труд), има можност за награди и одбитоци и се поставени сите барања согласно најновите законски промени во РМ.


„Процесот на изработка на плати беше долг и сложен заради бројот на вработените и усогласувањето на искористените хранарини од нивна страна во износите за плата.”, изјави Стане Исакоски, одговорен во сметководство и администрација во Еврокомерц 5. “Со новата верзија што ја интегриравме во Dynamics NAV хранарините автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Сега платата се изработува за помалку од половина час и што е најважно, таа може да се испраќа на емаил за нејзина верификација.“

Логин Системи изработи модул за плати за сите актуелни верзии на Dynamics NAV и истиот е интегриран во сметководството. После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главна книга или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. За потребите на корисниците, Логин Системи ги изработи потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ПДД-ГИ.

Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој.

За Логин Системи Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz.

За Еврокомерц 5 Еврокомерц 5 е сопственик на продавниците за брза храна „Мекиците од Стража“ кои се наоѓаат на локации во Скопје, Гостивар и Стража. Повеќе информации на www.MekiciteOdStraza.com или на https://www.facebook.com/MekiciteOdStraza/.

#MK #DynamicsNAV

arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan