top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Pantheon наспроти Business Central: Кој ERP ќе го води вашиот бизнис во 2025?

MSD365BC.png

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

MSD365BC.png

Летна кампања за поддршка на македонски компании во нивната ERP трансформација

MSD365BC.png

Од WooCommerce порачка до испорака: API интеграција помеѓу е-трговец и агент за испорака користејќи Business Central

МК локализација

Плати за вработени - работи и со e-пошта

Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Пресметката на платите е специфична работа за секоја земја. Dynamics NAV остава на...

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Pantheon наспроти Business Central: Кој ERP ќе го води вашиот бизнис во 2025?

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

Летна кампања за поддршка на македонски компании во нивната ERP трансформација

Логин Системи го лансира Македонскиот јазичен пакет за Microsoft Dynamics 365 Business Central 2025 Wave 1

HERZ Armatura оддржува континуитет и раст на бизнисот со Dynamics 365 Business Central

Од WooCommerce порачка до испорака: API интеграција помеѓу е-трговец и агент за испорака користејќи Business Central

Bartek ги трансформира хартиените процеси во дигитални со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Бизнис за нега на вода ја оптимизира продуктивноста на тимот за повисоки приходи со Dynamics 365 Business Central

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

MakasIT.gif

Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV


Плати за вработени

Пресметката на платите е специфична работа за секоја земја. Dynamics NAV остава на провајдерите на решенија да вградат модул за плати и да го интегрираат со модулот за човечки ресурси.

Модулот што го изработи Логин Системи за платите во Dynamics NAV ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија и плус имаме направено дополнувања кои опфаќаат награди и одбитоци за вработените. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето, од нето кон бруто, пресметка на вграден или надополнет минат труд и сл.), како и сите дополнителни барања согласно најновите законски промени во РМ.


Месечна картичка за плата за Јули 2017

Месечна картичка на организација за Јули 2017

После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главната книга во сметководството или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен.

За потребите на фирмата ги изработивме и потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ППД-ГИ.


Изглед на дел од алатникот на модулот за плати

Изглед на дел од алатникот од модулот за плати

Исплатното ливче може да се праќа во PDF формат по е-пошта на секој вработен или да се врачува на традиционален начин. Изготвувачот на плати е доволно да кликне на копчето и да избере која група на вработени или сите вработени ќе добијат исплатно ливче преку е-пошта.

Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.


Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Dyn365 BC – Консултација (1 час)

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page