Актуелни објави

1

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif

Скопје, 23.09.2017. Денес, Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum. Форумот е организиран во 5 категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле.


Категоријата „NAV: на едно место“ опфаќа актуелни теми од функционалностите и придобивките од користењето на Micrsooft Dynamics NAV. Во категоријата „Како да направам ...“ модераторите на форумот ставаат чести потреби од корисниците, а посетителите може да поставуваат прашања и да добиваат одговори од сите членови на форумот. За посетителите на форумот од англиско говорно подрачје е наменета категоријата „NAV Users & Professionals“. Изјавите на корисниците на Dynamics NAV се забележуваат во категоријата „Quotes / Изјави“.


Категории (рубрики) на Форумот

За разлика од сите претходно наведени рубрики кои се директно поврзани, на форумот е отворена и рубрика за „Стратегија и менаџмент“. Постовите во оваа рубрика се однесуваат на генерални поими, алатки и решенија за подобро управување со организациите. Новина е тоа што во оваа рубрика ќе се поставуваат и теми поврзани со една од најзначајните методологии за изведба на стратегија, Balanced Scorecard, кадешто модератор е сертифицирано лице за Balanced Scorecard.

Членовите на форумот ќе можат отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да споделуваат на социјалните мрежи за популаризација на овие теми.

Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до темата, модераторите може да бришат постови или коментари кои се надвор од темата или се недолични. Форумот може да се прегледува и користи и на мобилните телефони и уреди.

„Очекуваме содржаен форум со корисни теми и коментари за менаџментот, сметководсвото и ЕРП системите со што ќе го збогатиме македонскиот информативен простор и ќе создаваме услови за напредок на економијата во Македонија“, изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи.

Кон форумот ==>> www.LoginSystems.biz/forum

#MK #PR

0 comments
arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan