Актуелни објави

1

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif

Скопје, 30.09.2017. Денес, Логин Системи објавува дека го пушта во употреба новиот веб сајт за поддршка и ресурсен центар наменет за корисниците на Microsoft Dynamics NAV во Македонија и регионот.

Делот за поддршка е интерактивен и содржи категории за поставување на прашања, а одговорите може да ги даваат стручните лица од Логин Системи како и самите корисници од другите фирми. Исто така постојат категории за „Пријави случај“ и „Желби“ кадешто се заведуваат случаите на одредени потешкотии со кои се соочуваат корисниците и ги споделуваат потребите од дополнителни функционалности што ги имаат корисниците - кај првите Логин Системи ќе бара и посочува решенија, а желбите на корисниците ќе се разгледуваат и решаваат интерно во Логин Системи или ќе се препраќаат во Microsoft.


Содржина на веб сајтот за поддршка и ресурсен центар

Во категоријата „Новини“ ќе се објавуваат новости поврзани со Microsoft Dynamics NAV какви што се објави за нови обуки, нови верзии, исправки на постоечките верзии и сите други информации кои може да користат во секојдневното работење.

Ресурсниот центар се состои од фајлови, видеа и информации за учење на Microsoft Dynamics NAV.

„Очекуваме овој сајт да биде од голема полза на корисниците во секојдневната работа на фирмите и организациите.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на решенија за Dynamics NAV. „Поради концептот на интерактивност, стручните лица од организациите ќе може да комуницираат меѓусебно и да разменуваат искуства и знаења од областа на ЕРП системите, финансиите и сметководството.“

Сајтот за поддршка и ресурсниот центар може да го користат сите корисници на Microsoft Dynamics NAV на територијата Македонија, Косово и Албанија. Пристапот до сајтот е на принципот на одобрување од страна на модераторот и се наоѓа на адресата https://support.loginsystems.biz.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.

#MK #PR #DynamicsNAV

0 comments
arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan