
Скопје, 12.01.2018. Денес, Логин Системи објавува дека го надополни својот веб сајт со оддел за комерцијално и магацинско работење. Во овој оддел има содржини со опис на функционалности од областа на продажбата, набавките, залихите и артиклите како и напредното магацинско работење.
Софтверската поддршка на комерцијалното и материјалното работење одредува дали фирмата ќе биде доволно оперативна за да одговори квалитетно и брзо на барањата на купувачите, да постигнува успешни резултати и брзо да се престројува на пазарните предизвици.
Одделот за комерцијално и магацинско работење се наоѓа на адресата www.loginsystems.biz/komercijalno-materijalno.
4 групи на функционалности: Продажби, Набавки, Залихи и артикли и Напредно магацинско работење
Заедно со Сметководството и финансиите, одделот за комерцијално и магацинско работење се најкористените функционалности на сметководствениот и ERP систем - Microsoft Dynamics NAV.
Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
Commenti