top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Новина за Пејпал: онлајн курс со самостојно темпо - бесплатен за првите пријавени

press release

Нови NAV ERP клауд услуги и подобрена корисничка поддршка во Македонија

Скопје, 08.10.2016. Вчера Логин Системи успешно ја заврши трансформацијата на информатичкиот систем во својата фирма со цел да се...

пишува:

Angel Face

Автор

08.10.2016

Notebook and Fountain Pen

категории

Нови NAV ERP клауд услуги и подобрена корисничка поддршка во Македонија

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

Новини во управувањето со складишта (Business Central 2023 release wave 2)

Ново: мобилната апликација на Business Central со сосема нови можности за скенирање на баркодови

Herbelin користи податоци собрани од Business Central за да испорача часовници од светска класа

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MakasIT.gif


Скопје, 08.10.2016. Вчера Логин Системи успешно ја заврши трансформацијата на информатичкиот систем во својата фирма со цел да се поддржат планираните нови активности. Централно место на новиот систем и архитектура е множество од виртуелни севери поставени на силни хардверски сервери и мрежни дискови уреди (сториџи).

„Дел од потенцијалните корисници на Microsoft Dynamics NAV ни бараат да овозможиме користење на ERP решението NAV по пат на месечна претплата наместо да инвестираат во хардвер и софтвер уште на почетокот на работењето со НАВ.” – изјави Венко Глигоров, менаџер во Логин Системи. “Воедно тие бараат и платформа на која ќе може да се прикачуваат други услуги како автоматско праќање на СМСи и електронски пораки, користење на смартфони и работа преку заштитен веб сајт.”


Login Systems IT Center (Логин Системи)

Услугата за користење на клауд сервери за NAV Логин Системи ја нуди преку соработката со Неоком и НеоКлауд, а од наредниот период тоа ќе биде можно и преку сега-изградената платформа на Логин Системи.

„Досегашното работење на Логин Системи вклучуваше и хостирање на веб сајтови и меилинг системи. Оваа активност фазно ја затворавме и ја приведовме до крајот, а искуствата се непроценливи за воведување услуги на хостирање и клауд решенија за ЕРП работење на фирмите.“ завршува Венко Глигоров.

Покрај придобивките за корисниците, новата архитектура овозможува и побогато и попродуктивно изведување на работните задачи на вработените во Логин Системи. Со помош на QNAP Qsync решението, документите на вработените ќе бидат секогаш синхронизирани и архивирани на нивните компјутери, таблети и мобилни телефони.

Со користењето на новиот систем, Логин Системи ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија за 70% со што фирмата ќе биде поконкурентна со цените во својата понуда. Воедно, перформансите во работењето се очекува да се зголемат за преку 40%. Поставувањето на новиот систем Логин Системи го направи во соработка со фирмата Макас Инженеринг од Скопје.

Откако ги затвори активностите во дистрибуцијата на Microsoft, HP, Canon, EMC, Nortel и Cisco Systems, Логин Системи продолжи да изработува ЕРП решенија и инженеринг услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. За напредните корисници Логин Системи нуди консалтинг услуги и поставување на светски признатата стратешка методологија Kaplan/Norton Balanced Scorecard. Логин Системи е првата и единствена фирма во Македонија со меѓународниот сертификат за Balanced Scorecard директно од основачите Kaplan и Norton.

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page