После десет-годишно користење на Microsoft Dynamics NAV 5.0 (од 2007ма), Логин Системи премина на најновата верзија на светски познатиот ERP систем.
Од денес Логин Системи ја користи најновата верзија на ERP системот - Microsoft Dynamics NAV. Помеѓу бројните активности со клиентите, Логин Системи успеа да ги префрли податоците од претходниот систем и да го адаптира Dynamics NAV за своите потреби.
„Ќе ги користиме функционалностите на сметководството, модулите за услужна дејност, планирањето на приходи и трошоци, платите, и односите со купувачите и добавувачите - Customer Relationship Management (CRM).“- изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „После толку имплементации на Dynamics NAV во фирмите, редно беше да преминеме на најновата верзија и да го применуваме правилото 'eat your own dog food first'“.
Од новата верзија поставена во Логин Системи придобивки ќе имаат клиентите на Логин Системи заради побрзата административна работа, фокусот на решавање на проблемите, интегрирањето на услужните активности со сметководството и финансиите и со навременото информирање за новостите и поддршката.
Главен екран на Dynamics NAV за улогата на Business Manager (сликата намерно е замаглена)
Повеќе екрани со менија и команди на Dynamics NAV има на линкот тука ...
„Нема веќе 'кондураџијата со налани оди' бидејќи ќе ги поставуваме секогаш новите верзии на Dynamics NAV во нашето работење“, уверува Глигоров.
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.
Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsystems.biz/za-nas.
Comentários