Малопродажба и POS со Dynamics NAV | 📢 Login Systems | 🔖 Блог
top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

блог

Малопродажба и POS со Dynamics NAV

Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано работење на фирмите и организациите. Заедно со сметководството и финансиите, НАВ ги...

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif


Малопродажба, Логин Системи, НАВ, Dynamics NAV, ERP, ЕРП, POS, ПОС

Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано работење на фирмите и организациите. Заедно со сметководството и финансиите, НАВ ги обединува другите процеси како магацинско работење, продажба и маркетинг, производство, човечки ресурси, основни средства, проекти и сервис.

Главната намена на софтверот НАВ е позадинското работење - НАВ е централното место каде што се слеваат сите податоци од работењето, истите се обработуваат и зависно од потребата, се печатат во форма на документи и извештаи. Стандардниот дизајн на НАВ е таков што продажбата на производите и книжењето во главната книга NAV ги прави со големопродажни цени.

Малопродажба со НАВ се овозможува преку:

  • Прилагодување на НАВ да може да работи со малопродажни трансакции

  • Софтвер за малопродажба од некој производител (ПОС апликација)

  • Конектор за поврзување на софтверот за малопродажба и НАВ

Малопродажбата може да се изведе и со нов екран во НАВ но таквото решение е прикладно само за многу ретки продажби со малопродажни цени. Второ ограничување е фактот што ваквото решение со екрани во НАВ за повеќе фискални малопродажни места може да биде неекономично. Затоа оваа опција не е тема на овој текст.

Прво и основно е да се прилагоди NAV да може да работи со малопродажни цени и да се набават ПОС апликации кои потоа ќе се поврзат на НАВ – види слика подолу. Microsoft има апликации за ПОС, но тие не се наменети за македонскиот пазар, се прилично скапи и нивното прилагодување на македонските прописи и регулативи е премногу сложен и скап процес.


Малопродажба, архитектура, Логин Системи, ЕРП, НАВ

Слика 1 Архитектура на НАВ за малопродажба

За да одговори на барањата на корисниците и заинтересираните фирми за НАВ во трговијата на мало, Логин Системи направи сет од подесувања и програмирања со кои се овозможува NAV да работи со малопродажни цени. Исто така изработи и апликација за работа во малопродажен објект базиран на компјутер и фискален апарат (ПОС апликација). Надополнувањата во НАВ за малопродажба може да работат и со ПОС апликации од друг домашен производител со помош на конекторот на Логин Системи.

Подесувања на NAV за малопродажба

Подесувањата што ги прави Логин Системи се потребни за да може фирмата да работи со малопродажни објекти. Овие подесувања се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени, како и за потребните извештаи што ги бара законодавецот.

Бидејќи законодавецот во Македонија има пропишано посебен начин на сметководствено евидентирање на трансакциите за малопродажба (книжење на контата од главна книга), различни од оние за продажба на големо, Логин Системи ги направи сите потребни прилагодувања на овие книжења согласно прописите. Исто така, согласно законските прописи за посебни извештаи и документи за малопродажните објекти, Логин Системи ги изработи извештаите за трговијата на мало ПЛТ, ЕТ и КДФИ.

Поврзување на ПОС решение со NAV

Иако со одредени допрограмирања NAV има можност за внесување на фактури/фискални сметки во своите екрани, оваа можност не се препрачува за фирми кои имаат повеќе транскации дневно во малопродажбата. Исто така, ако се користи NAV на касите, бројот на лиценците за NAV ќе биде поголем и ќе ја оптерети целата инвестиција во решенија за NAV. Затоа Логин Системи направи конектор со кој податоците од други ПОС решенија за фискални каси ќе можат да се префрлуваат во NAV.

Покрај поврзувањето на ПОС апликацијата со НАВ за префрлување на сметките, конекторот овозможува моментална синхронизација на податоците од НАВ кон касата. Оваа синхронизација се употребува за одредување на продажните цени на артиклите во продавниците на централно место во НАВ кои веднаш (или на одредено време од корисникот) се пренесуваат во продавниците. Конекторот овозможува и пренесување на претходно креираните кампањи за цени и попусти од НАВ на ПОС локациите.

Различни групи на купувачи може да имаат различни услови на набавка во поглед на цени и начин на плаќање во НАВ и со помош на конекторот истите се пренесуваат до сите локации.

Апликација за каса и поврзување со фискален принтер

Логин Системи има ПОС решение кое се состои од апликација за работа со артикли, примање на нарачки и издавање на фискална сметка преку фискален апарат. ПОС апликацијата на Логин Системи има конектор за комуницирање со NAV – види слика подолу. Апликацијата работи и со тачскрин екрани.


Малопродажба, архитектура, Логин Системи, ЕРП, НАВ

Слика 2 Шематски приказ на интеграцијата на ПОС апликација со НАВ

Стручниот тим на Логин Системи има неколкугодишно искуство во работењето на НАВ со малопродажба било со ПОС апликацијата на Логин Системи или со ПОС апликација од друг производител.

Секоја фирма која има повеќе локации за трговија на мало и има голем обем на работа или голема дневна фрекфенција на купувачи - е потенцијален корисник на Dynamics NAV заедно со решението за малопродажба на Логин Системи. Решението е особено погодно за користење во ланец од маркети, ресторани за брза исхрана или пекарници на повеќе локации - објекти кадешто има производство и/или се прават пакети од повеќе производи заедно (асемблирање).

За повеќе информации може да ја посетите рубриката Често поставувани прашања за НАВ и Логин Системи - се наоѓа на линкот www.loginsystems.biz/faq. Заинтересираните за имплементација на софтверот НАВ и поврзување со малопродажбата може да се обратат во Логин Системи за консултации и закажување на средба на линкот www.loginsystems.biz/kontakt.

 

За Microsoft Dynamics NAV, интегриран ЕРП систем

Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП софтверско решение за појаки мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со својата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој.

NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодаваат и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. Логин Системи има подготвено сет од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи во Македонија, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.

Повеќе информации за Dynamics NAV има на линкот http://www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav.


0 comments
LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page